Карневалот во Риека е еден од најголемите во Европа и светот. Има традиција на одржување повеќе од сто години, а од 1982. година се организира костимирана парада. Последниве години, парадата брои повеќе од 10.000 учесници, организирани во повеќе од 100 групи, и повеќе од 100.000 посетители, кои ја гледаат парадата и учествуваат во забавата. Костимираните групи доаѓаат од цела Хрватска и Европа, а темите на маските се традиционални и модерни. Костимираните учесници често им се потсмеваат на луѓето од политиката и од јавниот живот. Посебна група се таканаречените Халубајски звончари облечени во животински маски. Moже да се каже дека карневалот во Риека, е спој на венецијанскиот и австрискиот граѓански карневал, со елементи на фолклорот и митологијата на старите Словени. Карневалот во Риека се вбројува во 500-те најважни настани во Европа. Карневалот е збир од настани, а кулминира со карневалската поворка на маскирани учесници која е секогаш во недела пред Пепелница (Чиста среда). Пепелница (Чиста среда) е христијански празник кој е 40 дена пред Велигден. Со пепелницата (Чиста среда) почнува постот. Повеќе информации за карневалот можете да видите на страницата: http://www.rijecki-karneval.hr/en/.

photo: Grad Rijeka, Turistička zajednica grada Rijeke, Rijeka Danas (Lario Tus), video: Moja Rijeka