Подрачјето на Северниот Велебит, со површина од 109 километри на квадрат, прогласено е за национален парк во 1999-тата година.Го карактеризира богатство на растенија и животински видови, како и планински феномени.Иако Велебит не спаѓа во високи планини, во неговите највисоки делови владее вистинска планинска клима,па таму можеме да наидеме на растенија како што се рунолист, муго бор, и животни како жолтоклуна чавка, планински клукајдрвец, планински був и дивокоза.Според досегашните истражувања,забележано е околу 1500 видови на растенија, печурки и животни.Благодарејќи и на презервацијата на еколошкиот систем,големите пространства и изобилство на плен, овде живеат четири предатори:мечка, волк, рис и златен орел.Северниот Велебит е значаен бидејќи таму се наоѓаат и строги резервати Хајдучки и Рожански кукови, Лукина јама-една од најдлабоките пештери на светот, ботанички резерват Висибаба со наоѓалиште на ендемичната хрватска сибиреја (Sibiraea altaiensis ssp. croatica), шумски резерват Боров врх, ботанички резерват Завиждан-Балиновац-Велика коса, и познатата Велебитска ботаничка градина, а на самиот југ на паркот е сместен посебен резерват на шумска вегетација Штировача. Љубителите на планини сигурно ќе уживаат во откривањето на велебитските бројни планинарски патеки, меѓу кои е најпозната Премужичева патека.Сезоната на посета на овој парк зависна е од задржувањето на снегот на врвот на планината.Во правило, Северни Велебит е отворен за посетители од почетокот на мај, до средината на ноември.Главниот влез во паркот се нарекува Бабиќ Сича, а зградите на Управата и инфо центарот се сместени во селото Красно. Што се однесува до влезниците, можете да ги купите на влезот Бабиќ Сича, во инфо центарот Красно, во планинарскиот дом Алан или кај контролната служба на паркот.Работното време на влезот Бабиќ Сича е помеѓу 8 и 16 часот, од понеделник до петок, а во сабота од 8 до 17.Работното време на инфо центарот Красно е од понеделник до петок, помеѓу 8 и 15 часот.Што се однесува до цените на влезниците, основната влезница кошта околу 6 евра, влезница со попуст кошта околу 3,5 евра(планинари, пензионери, хрватски бранители, постари од 65 години, личности со инвалидитет,деца од 6 до 14 години,пешаци, велосипедисти).Влезот е бесплатен за деца помали од 6 години,личности со живеалиште во градот Сењ,припадници на ХВ, МУП и ХСС.Во овој парк можно е да се учествува во разни едукативни работилници на инфо центарот Красно, а повеќе информации можете да пронајдете на интернет страницата на Паркот.

photo: NP Sjeverni Velebit, HTZ, TZ grada Zadra; video: NP Sjeverni Velebit