Подрачјето на Жумберак и Самоборски брда, кое се протегнува на околу 333 километри квадратни на издвоено брдско подрачје, сместено 30 километри југозападно од Загреб, прогласено е за парк на природата во 1999.година. Дури 90 насто од површината на Паркот прекриено е со карст. Вегетацискиот покров е создаден од шуми на бука и даб, ливади и полиња, а преполн е и со заштитени видови на растенија. Воденото богатство е, исто така, карактеристика на просторот на Паркот. Животинскиот свет го создаваат бројни големи и мали цицачи, птици, водоземци, рептили, инсекти и други. Од поголемите предатори можеме да ги издвоиме мечката (Ursus arctos), волкот (Canis lupus) и јастребот кокошкар (Accipiter gentilis). Овде живеат дури две змии отровници: пепелкастиот поскок (Vipera ammodytes) и ехидна (Vipera berus). Бидејќи Паркот бил населен, од претхисторијата до денешните денови, постојат бројни археолошки локации од разни епохи. Некои од нив можат и туристички да се посетат, благодарејќи им на едукативните патеки. Ако уживате во активен одмор, овде можете да се занимавате со секакви активности, од шетање, планинарење, спелеологија, качување, велосипедирање, зимски спортови и јавање до параглајдинг. Повеќе информации побарајте на интернетската страница на Паркот.

photo: PP Žumberak-Samoborsko gorje, HTZ, TZ Samobor