Паркот на природата Медведница се протегнува на површина од 17.938 хектари, од кои дури 80 насто се прекриени со шума. Се наоѓа на височина од 120 до 1035 метри, а највисокиот врв е Сљеме. Иако Медведница во своето име го носи зборот мечка, мечките веќе со векови не живеат на подрачјето на Паркот. Овде живеат разни видови на цицачи, птици, инсекти и рептили, меѓу кои посебно треба да се предупреди на поскокoт, нашата најпозната змија отровница. Светот на вегетацијата е многу богат, со дури 1205 видови и подвидови, меѓу кои 91 вид е строго заштитен-(орхидеја, крин, тиса и така понатаму.) Најраширениот вид на дрво е бука. Ако сакате да берете печурки, припазете, бидејќи во паркот постојат отровни, дури и смртоносни печурки. Истражете ги бројните велосипедски, планинарски и други патеки на Паркот, а ако ве интересира геологија, секако посетете ја патеката Мирославец која води од Шестински Лагвиќ до бунарот на Кралицата. Влезот во паркот Медведница се слободен за сите. Ако сакате експертски водачи, ќе биде потребно да одвоите 40 евра за водачот и уште 1.5 евро од личност. Посебни влезници се наплаќаат за различни едукативни програми, стручни презентации и влезови во некои објекти (пештери, тврдина, рудник ) на подрачјето на Паркот.

photo: PP Medvednica; video: TZ grada Zagreba