Плажата Сакарун е една од најубавите во Хрватска. Се наоѓа на Долгиот остров, во близина на местото Вели рат. Плажата се наоѓа во заливот свртена кон југ, во северозападниот дел на островот. Во близина на плажата се и следниве места: Солине, Веруниќ и Божава. Самата плажа долга е околу 800 метри, идеална е за деца, затоа што просторот за капење е голем, плиток, и морското дно е песковито. Песокот се наоѓа и на местото каде што се допираат плажата и морската вода, а понатаму плажата е прекриена со камчиња. Песокот има изразена бела боја, така да, заливот изгледа како голем базен, посебно наутро кога нема ветер. Во позадината на плажата има борова шума и природна ладовина. Во близина се наоѓаат два ресторани. Од местото Божава, на секои два часа, вози мал туристички воз на Сакарун. Морепловците може да се врзуваат за поставените бови во заливот.

photo: TZ grada Zadra, Najbolje u Hrvatskoj, TZ Dugi otok; video: Croazia Info, TZ Dugi otok