Плажатa Вели Жал је позната плажа на островот Лошињ. Се наоѓа во залив, нa западната страна на островот. Градот Мали Лошињ од плажата е одалечен околу 1 km. Плажата е носител на синото знаменце – симбол за чисто и за квалитет на сите потребни содржини. На располагање се тоалети, тушеви, кабини, лежалки и чадори за сонце за наем и служба за спасување. Постои и спуст за лица со хендикеп. Веднаш над плажата има ресторан. Во близина има два хотела и тениски терени. Плажата се состои од помал дел на кој има каменчиња, и од поголем карпест дел. Над плажата има шеталиште – лунгомаре, кое ги поврзува другите две познати лошињски плажи, Чикат и Сончевиот залив. Плажата е опкружена со борова шума и со природна ладовина. Се нудат следниве спортски активности: одбојка на песок, тенис, кошарка, аква аеробик, спортови на вода и детски игралишта. За време на сезоната плажата често е преполна со посетители.

photo: TZ grada Malog Lošinja, HTZ; video: Top Destinacije