Уште од 1983.година дел на паркот на природата Вранско езеро е вклучен на листата на битните орнитолошки подрачја на Европа. (Important Bird Areas in Europe). Во паркот за сега е забележано околу 235 видови на птици, од кои дури 102 вида на гнездарици. Ова подрачје е прогласено за парк на природа во 1999. година. Паркот на природата е вклучен на листата за заштитени мочуришни подрачја преку Рамсарската конвенција, во 2013. година. Вранското езеро е најголемо природно езеро во Хрватска, со површина од 30.2 километри на квадрат. Езерото е, всушност, кaрстно поле исполнето со вода и многу редок пример на криптодепресија. Љубителите на велосипедирање сигурно ќе уживаат истражувајќи ја велосипедската патека околу езерото, долга повеќе од 50 километри. Со бавна прошетка можете да уживате и во откривањето на пешачките патеки на Паркот. Ако сакате да се занимавате со риболов, и тоа ви е достапно додека сте посетител на Паркот. Важно е исклучително да се почитуваат правилата на однесување на ова посебно место. Риболов е дозволен ако поседувате посебна дозвола и само на одредени места, а јагула (Anguilla anguilla) е посебно заштитен вид. На интернетската страница на Паркот побарајте ги цените и програмите кои се во понуда во Паркот.

photos: PP Vransko jezero, HTZ, TZ grada Biograda, TZ grada Cresa; video: PP Vransko jezero