Планинскиот масив Велебид дел е од Динаридите и се протегнува на 145 километри должина и од 10 до 30 километри ширина, на површина од 2.270 километри на квадрат. На подрачјето на Велебит живеат многу видови на животни и растенија, па така наидуваме на 10 видови на водоземци, 26 вида на рептили, 23 вида на ситни цицачи и дури 23 вида на лилјаци. Паркот на природата Велебит вистински е ендемски рај, како животински, така и вегетациски. Особено е битно да се истакнат ендемите велебитска дегенија (Degenia velebitica), хрватска гушарка (Arabis croatica), хрватско sвонце (Edraianthus graminofolius var. croaticus), риба оштруља (Aulopyge hugeli) и долгоноги лилјак (Myotis capaccinii). Овде живеат и три големи предатори: мрката мечка (Ursus arctos ), волк (Canis lupus ), рис (Lynx lynx ), но и видра (Lutra lutra ). Иако целиот парк е заштитен, овие подрачја се особено битни: Ајдучките кукови, Рожанските кукови, Церовачките пештери, посебниот резерват на вегетација Штировача и ботаничкиот резерват Завиждан-Балиновац-Велика коса. Веруваме дека навистина ќе уживате во истражувањето на убавините на паркот, со помош на трите патеки: Терезијана, Кудин мост и Стариград Сењски. Што се однесува до влезот, тој е слободен.Посебно се наплатуваат влезници за Заливот Завратница и Церовачките пештери, освен за деца помали од 7 години. Повеќе информации побарајте на интернетските страници на Паркот на природата Велебит.

photo: PP Velebit; video: Ivica Sikic - velebit.meridian-arts.com