Се наоѓа во копнениот дел на Хрватска, во регионот на Славонија и Барања, на североисточната граница на Хрватска со Србија и Унгарија. Националниот парк граничи со реките Драва и Дунав. Копачки рит, всушност, е поплавена област создадена под влијание на двете големи реки. Поради нивното влијание личи на единствена делта составена од гребени, островчиња (ади) и ракави. Речните води на некои места нанесуваат земјиште, а на други ја продлабочуваат и така се создаваат езерца (депресии) и греди (зголемени подрачја). Најголемата висинска разлика меѓу нив изнесува 8 метри. Сето тоа, заедно со растителниот и животинскиот свет, Копачки рит го прави единствен регион во Европа. Копачки рит 1967. година прогласен е за Национален парк, а од 1993. година е додаден во листата на Рамсарските подрачја како живеалиште на ретки и заштитени видови на водни птици. Зафаќа површина од 17.700 хектари од кои Специјалниот зоолошки резерват опфаќа 8000 хектари. Во паркот има повеќе видови на вегетација – разни типови на шуми, мочурлива и водена вегетација. Во паркот живеат 54 видови на цицачи (европски дабар, дива свиња, европска видра, елен, куна бјелица итн.) и 293 видови на птици (бел штрк, црн штрк, чапја, дива патка, фазан, речен галеб, дива гуска, орел итн). При посета на паркот можете да: изнајмите валосипед и да се возите по уредените велосипедски патеки, да ја посетите програмата “набљудување на птици", да пловите со брод, да шетате по едукативните природни патеки, да го посетите дворецот Тиквеш, да се занимавате со спортски риболов, да возите кану. Цената на влезницата е 80 куни (малку повеќе од 10 евра) за возрасни лица, а 60 куни (околу 8 евра) за деца, ученици, студенти. Различните излети се плаќаат одделно. Работното време на приемниот центар Копачево е:08.00 - 16.00 ч - јануари, февруари, март, ноември, декември; 09.00 - 17.00 ч - април, мај, јуни, јули, август, септември, октомври.

photo: TZ općine Bilje, video: PP Kopački rit, Goran Šafarek