Паркот на природата Папук прогласен е во 1999.година, а сместен е во источна Хрватска, на површина од 336 километри на квадрат или 33 600 хектари. Папук е и планина на подрачјето на паркот со истоимен врв од 953 метри. Овој парк е прекриен со шума од претежно бука, даб, јавор, клен и јасен. Иако целиот Парк е заштитен, посебни подрачја се геолошки споменик на природата Рупница, шумски парк Јанковац, посебен резерват на шумска вегетација Секулиначка планина, споменик на природата Два даба, споменик на природата Живеалиште на тиса и посебен флористички резерват Плиш-Малишчак-Турјак-Лапјак. Овде се сочувани битни остатоци од културното наследство на две историски епохи, претхисторија и среден век, па љубителите на историјата сигурно ќе најдат нешто за себе. Оригиналното име на Папук, забележано уште во средновековни документи, било Пожешки Сњежник. За овие славонски брда необични се карпите Соколине, високи 564 метри на квадрат, блиску до Горњи Врховац, бидејќи на некои места се скоро вертикални. Подрачјето на Папук претставува многу прикладно место за развој на планински туризам. Познати рекреациски центри се Звечево, Јанковац и Велика, како и арборетумот Лисичине. Паркот е преполн со секакви велосипедски, планинарски и јавачки патеки кои само чекаат да ги истражите.

photo: HTZ, PP Papuk; video: PP Papuk