Плажа Макел во Пучиќа | Градска плажа покрај центарот на местото

Плажа Макел или плажа Пучиќа како што е означена на Google мапата, се наоѓа покрај Патот Макела, малку источно од центарот на местото. Тоа е една од главните градски плажи во Пучиќа па до неа може да се стигне пешки за неколку минути од ривата без потреба од автомобил или спуштање до скриени ували надвор од местото.

Плажата е комбинација на ситен шљунак, камени делови и бетонирани површини покрај море. Влезот во море е доста едноставен, а морето е многу чисто и мирно бидејќи целата пучиќка увала е добро заштитена од ветер. Поради положбата во местото, тука често доаѓаат семејства со деца, луѓе кои не сакаат да пешачат далеку и оние кои сакаат кратко капење за време на вечерната шетња низ Пучиќа.

Покрај плажата поминува шеталиште и пат, па пристапот е многу едноставен. Паркинг постои покрај Патот Макела и во околните улици, но за време на јули и август знае да биде доста исполнет бидејќи плажата практично е во центарот на местото. Предноста на Макел е што не е изолирана увала туку градска плажа покрај апартмани, кафичи и куќи па сè е на неколку минути пешачење.

На плажата за време на летото знае да има дополнителни содржини како педали, даски за рекреација, аква парк и помали летни содржини на море.

Макел нема многу природна сенка па за време на најтоплиот дел од денот доста луѓе користат чадори или одат кон рабовите покрај камените ѕидови и борови. Морето е генерално многу мирно па плажата е добра за подолго пливање во самата увала.

За разлика од подалечните ували како Лука или Лучица, Макел повеќе функционира како секојдневна градска плажа каде луѓето доаѓаат на кратко капење, утринско пливање или неколку часа на море без посебно планирање. Навечер е особено пријатно бидејќи од плажата се гледа целата осветлена пучиќка увала и камените куќи покрај ривата.