Националниот парк Корнати е сместен во средна Далмација, западно од градот Шибеник.Се состои од 89 острови, островчиња и карпи.Вертикалните карпи на западната страна на островот се најинтересната карактеристика на овој парк.Архипелагот е прогласен за национален парк во 1965-тата година, и, освен поморското богатство, потполно е во приватно сопствеништво.На повеќето, Корнати можеби им изгледаат безживотно, но тоа воопшто не е така.Што се однесува до фауна, таму живеат бројни видови на инсекти (18 видови на пеперутки и дури 35 видови на мравки), рептили, водоземци, змии(нема податоци за постоење на отровни змии) и цицачи(куна и дури десет видови на лилјаци).Корнати се особено интересни во периодот на селењето на птиците,кога на ова подрачје можат да се видат бројни птици преселници, како што се кран,сива чапја и властелица.Корнати исто така имаат многу пештери и дупки,каде е потврдено и наоѓалиште на ендемските видови на ракови, Niphargus pectencoronatae и Niphargus hebereri.Што се однесува до флора,интересно е да се спомне еден од поатрактивните видови на растенија, а тоа се орхидеите, од кои до сега е забележано дури 9 видови.До подрачјето на паркот може да се дојде со сопствени изнајмени бродови или со помош на бројни агенции кои организираат екскурзии.Во периодот на летната сезона, храна и најосновните потреби можат да се купат во бродови-дуќани, а на островчето Вела Панитула постои и мал супермаркет.Повеќето на ресторани во паркот отворени се само во текот на летната сезона.Надвор од сезоната, храна и други потребни работи, не можат да се купат на подрачјето на паркот.Преостанатите информации можат да се добијат на рецепциите НП Корнати на подрачјето на паркот, (во текот на летната сезона), или во просториите на Јавната институција Национален парк Корнати во Муртер, (во текот на целата година), како и на рецепција во Муртер. За најмала категорија на брод, долга околу 11 метри, влезница купена надвор од НП Корнати, изнесува 20 евра, а доколку е купена во самиот парк, изнесува дупло повеќе-околу 40 евра.Паркот е отворен во текот на целата година.

photo: NP Kornati, HTZ, TZ Murter, TZ Tisno, TZ Zadar, TZ Biograd; video: HTZ