Ластовските острови се протегаат на 195.83 километри на квадрат, а прогласени се за парк на природата во 2006.година, но неколку години порано, Светската организација за заштита на природата ги прогласила за приоритет за зачувување на биоразновидноста на Медитеранот. Самото Ластово не е голем остров, а опкружен е со 46 островчиња и карпи, има бројни полиња, брегови и заливи, а повеќе од 70 насто на неговата површина чинат шуми. Љубителите на активен одмор ќе бидат воодушевени од бројни обележени патеки-велосипедски, планинарски и полски. Љубителите на историјата сигуно ќе уживаат откривајќи ги сите 40 средновековни островски црквички. До островот, односно, местото Убли, можете да дојдете од Сплит: за 4 саати и 15 минути со траект кој прометува еднаш дневно, со застанување во Вела Лука на островот Корчула и за 2 саати и 45 минути со катамарана, со застанување во Хвар и Вела Лука. Ако доаѓате од Дубровник, до Ластово можете да стигнете со катамарана-(во јули и август), двапати дневно за 4 часа, со застанување на Корчула и Мљет. Одлучете се да го посетите островот на пролет или на есен и нема да зажалите. Повеќе информации побарајте на интернетската страница на Паркот на природата Ластовски острови.

photo: HTZ. TZO Lastovo; video: TZO Lastovo