Националниот парк Рисњак се наоѓа во регионот Горски котар и опфаќа површина од 6400 хектари. Oвој регион е прогласен за национален парк во 1935-тата година. Денес, на подрачјето на паркот, се наоѓа и изворот на реката Купа. Планината Голем Рисњак, заедно со масивот Снежник, претставува голема климатска и вегетациска граница помеѓу приморските и континенталните делови на Хрватска, а на само 23 километри воздушна оддалеченост, можат да се почусвуваат истакнати климатски разлики. Најголем дел од овој парк, изграден е од доломит и варовник, па е преполн со разновидни форми во карпи, како што се пукнатини, поникви, пештери и дупки.Ова подрачје го карактеризира голема количина на дожд.Што се однесува до флора и фауна на Националниот парк Рисњак, таму живее голем број на животни, дури 1148 видови и подвидови.Рисњак е дом на многу птици, рептили и инсекти.Интересно е да се спомне дека долината на реката Купа е наречена Долина на пеперутки,благодарејќи му на фактот дека тие се едни од најбројните жители.На подрачјето на паркот живеат три големи европски предатори:волк, мечка и рис,според кој самиот масив Рисњак го добил името.Влегување и планинарење во Националниот парк,можни се од три насоки:од зградата на Управата на националниот парк во Бијела Водица во местото Црн Луг( од Загреб-излез од автопатот Делнице), од местото Горње Јелење преку Виље, па од местото Платок.Цените на влезниците се секогаш исти, без оглед за кој дел од годината се работи.Влезниците за возрасни коштаат околу 6 евра,за студенти, ученици, членови на ХПД и пензионери околу 3,5 евра. За деца до 7 години, влезот е бесплатен.Исто така, постои фамилијарна влезница која кошта околу 13,5 евра.Битно е да се акцентира дека купената влезница вреди два дена.Ако доаѓате во поголема група,секако најавете се со телефон или е-пошта, за да може перосналот на Паркот да ви обезбеди водачи.Работното време на Управата на паркот е од понеделник до петок, помеѓу 7 и 15 часот.Ако сакате да уживате во природни убавини, недопрена природа и чист планински воздух, овој е парк е идеална дестинација за вас.

photo: NP Risnjak, TZ Delnice; video: NP Risnjak