Просторот на голема и мала Пакленица далечната 1949. година, прогласен е за национален парк, поради зачувување на најголемото шумско подрачје на северна Далмација (црн бор и букови шуми). Поголемиот дел од паркот се наоѓа во северна Далмација а еден дел од паркот го зафаќа просторот Лика. Се простира на 95 km2 има прекрасни шуми, планини, кањони и геоморфолошки форми. Покрај богатиот растителен свет во паркот живеат срна, елен, дива свиња, кафеава мечка, волк, рис, лисица и дива мачка и други животни. Во паркот можете да пешачите, планинарите и да се занимавате со алпинизам. Можеме да кажеме дека пешачењето е единствениот начин да се доживее комплетната убавина на просторот. Постојат дури 150 – 200 km патеки и патишта. Патиштата се означени, некои се полесни, додека потешките, планинарските водат до највисоките врвови на планините. Ако го посетите паркот, посетете ги: кањонот Велике Пакленице, кањонот Мале Пакленице, пештерата Манита пеќ, Бојинац, Аниќа кук, Вагански врв (1575 m). Пакленица е позната дестинација за слободно планинарење и најважен хрватски центар планинарење. Денес постојат околу 400 опремени и уредени правци со различна тежина и должина (оценка од 3 дo 8б+), па секој планинар може да најде нешто за своето уживање. Најпозната е карпата Аниќа кук. Правците во Пакленица со својата опременост меѓусебно доста се разликуваат. Старите правци опремени се со клинови, а кај поновите се користат штитници. Главната планинарска сезона во Пакленица почнува на пролет и трае до доцна во есента. Најголемиот број на планинари се собираат околу 1. мај кога се одржува тредиционалната Меѓународна средба на планинарите со серија на настани и натпревари.Цената на влезницата е околу 6,50 Eвра за возрасно лице во сезоната (5,6,7,8,9 месец) и околу 5 Eвра за останатите месеци. Децата дo 7 години во придружба на родител не плаќаат влез. Водењето низ паркот за 4 часа чини околу 50 евра. Цените за планинарење за три дена изнесуваат околу 13 Eвра за возрасно лице во сезоната (5,6,7,8,9 месец) и околу 10 Eвра за останатите месеци.Паркот е отворен преку целата година, работното време на рецепцијата во Велика Пакленица е следново:од 15 март дo 5 ноември од 6:00 дo 20:30 часот, a во останатиот дел од годината од 7:00 дo 15:00 часот.Рецепцијата во Мала Пакленица отворена е од почетокот на мај до средината на октомври од 6:00 дo 14:00 часот.

photo: TZ općine Starigrad, internet portal zaštite prirode MZOIP-a; video: NP Paklenica