Планината Биоково, која е дел од масивот Динариди, прогласена е за парк на природаta во 1981. година. Овa подрачје е особено интересно заради својата положба, геоморфолошки форми и биолошка разновидност. Нејзините пониски делови се составени од еоценски флишки слоеви, а повисоките се формирани во мезозоиски јаглеродни седиментни карпи. Интересен е и фактот дека во подножјето на средишниот дел на Биоково се наоѓа плодна и зелена висорамнина, сместена на височина од околу 300 метри, а над неа продолжуваат величествени карпи кои се издигнуваат на височина од 1000 метри, оградувајќи го подрачјето на Загора од Хрватското крајбрежје. Што се однесува до вегетацијата на Биоково, таа е многу богата и претставува комбинација на медитерански, бореални и средноевропски растенија. Животинскиот свет е исто многу разновиден, така овде може да се пронајде дури 221 вид на пеперутки, меѓу кои и еден ендем, далматински окаш (Proterebia afra dalmata), водоземци, рептили ( меѓу кои се и многу змии, но само една отровница-поскок), птици (три строго заштитени-орел змијар, златен орел, сокол ветрушка ) и бројни цицачи. Во текот на прошетките низ патеките или качувањето до биоковските позиции со величествен поглед, вероватно ќе се сретнете со дивокоза. Паркот е отворен за посетители и разгледувачи од 1.4. до 15.11. Работното време на паркот е од 8 до 16 часот, во периодот од 1.4. до 15.5., и од 1.10. до 15.11. Во периодот на летната сезона, од 15.5. до 1.10., работното време е помеѓу 7 и 20 часот. Влезниците коштаат околу 6,5 евра. Постојат и влезници со 50 насто попуст, а достапни се за институции на образование, планинарски и слични здруженија, синдикални, хуманитарни и бранителски здруженија и за велосипедисти. За деца помали од 7 години, влезот е бесплатен. Постојат и различни видови на експертски водачи, со претходно најавување и плаќање однапред. Повеќе информации побарајте на интернетската страница на Паркот на природата Биоково.

photo: PP Biokovo, HTZ, TZ Brela, TZ Makarska; video: PK Travel