Диоклецијановата палата e дел од стариот град нa Сплит, и еден е од најдобро зачуваните споменици од римска градба во светот. Изградена е околу 300 г. Како своевидна комбинација на луксузен летниковец и воен логор во кој царот Диоклецијан живеел се до својата смрт. Иако во изминатите векови жителите на градот ги адаптирале просторите на палатата, таа и понатаму е видлива и е суштински дел на визурата на градот Сплит. Величественоста на палатата ја препознаа и продуцентите на светската хит серија "Игра на престоли", па така, подрумите на Диоклецијановата палата ги користеа како место каде што се наоѓа престолот на кралицата Даенерис и каде што ги тренира своите змејови. Покрај тоа, во палатата ќе најдете и врвна гастрономска понуда во уготителските објекти чија оригиналност едноставно ќе Ве маѓепса.