"Гргур Нински" е познат споменик кој се наоѓа во центарот на Сплит. Тој е дело на познатиот хрватски вајар Иван Мештровиќ. Кипот е атракција која ја посетуваат бројни туристи. Постои легенда дека морате да го допрете ножниот прст на кипот за среќа. Од бројните допири нежниот палец ја сменил бојата. Кипот се наоѓа крај самите ѕидини на Диоклецијановата палата, уште една голема атракција во Сплит. При посетата на самиот центар на градот свратете и до стариот Гргур, допрете му го палецот и направете неколку слики за спомен. Злобниците и мајтапџиите велат дека во близина има уште еден дел од неговото тело. Видете на задната слика и распрашајте се каде е кај локалното население.